Костовски го опиша центарот како едно од најзначајните места за развој и подготовка на американските олимпијци. Напиша дека таму одблизу се запознал со американскиот олимписки модел, кој, според него, покрај тренингот ги опфаќа стручните тренери, спортската наука, медицинската поддршка, исхраната, психологијата, условите за тренинг и долгорочниот развој.
Во објавата наведе дека имал средби и разговори со водечки луѓе и високи претставници на американското олимписко движење. Рече дека од нив слушнал како е организиран системот и како се создаваат услови за развој на врвни спортисти и спортска структура што континуирано создава олимписки шампиони.
За време на престојот во Колорадо Спрингс го посетил и Олимпискиот и параолимписки музеј на САД. Костовски ги спомна историјата на американскиот олимписки спорт и успесите на шампионите, а наведе и дека низ американскиот олимписки систем поминале спортисти како Мајкл Фелпс и Мајкл Џонсон.
Посетата го потсетила на „олимпискиот медал што го создадовме во Бутел, под водство на мојот брат“. Според неговата објава, медалот го создале практично без систем зад нив, со посветеност, жртва и верба дека можат да стигнат до олимпискиот врв. Костовски оценил дека зад олимписките медали стојат систем, знаење, дисциплина и долгорочна визија, а дека талентот, трудот и желбата треба да бидат поддржани од силен и функционален систем.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.