Во салата „Независна Македонија“, во дворот на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, саботната програма ќе почне со прволигашка одбојка. Во 11:00 часот ОК Јанта Волеј ќе игра против ОК Борец во машка конкуренција, а во 13:30 часот ЖОК Јанта Волеј ќе го пречека ЖОК Пелистер Битола во женска конкуренција.
Потоа следуваат кошаркарските средби. Во 15:00 часот ќе играат младинските екипи до 18 години на КК Ангели и КК Свети Николе, а во 17:30 часот е сениорското дерби меѓу ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Вардар.
Во недела, 22 ноември, во истата сала ќе се игра одбојка во машка кадетска конкуренција. Во 12:00 часот се среќаваат ОК Младинец и ОК Куманово, во 15:00 часот ОК Јанта Волеј и ОК Струмица, а во 16:00 часот ОК Јанта Волеј и ОК Борец.
Ракометните натпревари ќе се играат во салата „Архиепископ Доситеј“, во дворот на ООУ „Круме Кепески“. Во сабота, 21 ноември, пионерската програма почнува во 10:00 часот со ЖРК Атлетик – ЖРК Вардар, по што во 12:00 часот ќе играат РК Вардар и РК Гемиџии. Младинскиот натпревар РК Вардар – РК Охрид е закажан за 13:30 часот.
Во саботната сениорска програма од Суперлигата, РК Спартак ќе се сретне со МРК Ѓорче Петров во 16:00 часот, а РК Драчево со РК Преспа Ресен во 18:30 часот. Во недела, во 12:00 часот, во оваа сала ќе играат кадетите на РК Вардар и РК Гемиџии.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.