Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Тушевска: За предучилишно и основно образование се предлагаат 451 милион денари повеќе

Архивска фотографија · Извор: zels.org.mk
Архивска фотографија · Извор: zels.org.mk
  • Тушевска нагласи дека овие инвестиции веќе се реализираат, а не остануваат само најави.
  • Посебно внимание е насочено кон лекувањето на ретките болести и превентивните здравствени програми.
  • Капиталните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 40,822 милијарди денари.

Со Предлог-буџетот за 2027 година се предвидуваат 451 милион денари повеќе за предучилишно и основно образование, односно раст од 19,3%, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јулија Тушевска, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет.

За средното образование е предложен раст на средствата од 7,1%, а се зголемуваат и средствата за регионалните центри за стручно образование и обука. Според Тушевска, вложувањата во овие центри се особено важни за образовниот систем да одговара на потребите на современата економија и пазарот на трудот.

Продолжуваат изградбата и реконструкцијата на училишта, реконструкцијата на студентски домови и изградбата на нови градинки и спортски сали, со цел подобрување на условите за учење. Тушевска нагласи дека овие инвестиции веќе се реализираат, а не остануваат само најави.

За Министерството за здравство, според Тушевска, се предвидени „8,127 милиони денари“, што претставува зголемување од 5,2% во однос на последниот буџетски план за 2026 година. Посебно внимание е насочено кон лекувањето на ретките болести и превентивните здравствени програми.

Според неа, овие области непосредно влијаат врз квалитетот на здравствената заштита и животот на граѓаните, а за подобри услови, поквалитетни услуги, поголема достапност и повеќе резултати од здравствениот систем се потребни континуирани вложувања и системски реформи.

Капиталните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 40,822 милијарди денари. Според Тушевска, инфраструктурата, земјоделието и развојот на општините заслужуваат посебно внимание, а планираните средства треба да придонесат за реализација на проекти со долгорочна вредност за државата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.