Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Гаши: Европската интеграција е прашање на безбедноста и иднината на Македонија

Извор на фотографијата: Собрание на Република Северна Македонија
Извор на фотографијата: Собрание на Република Северна Македонија
  • Гаши ја оцени европската интеграција како безбедносен и егзистенцијален интерес.
  • Исранг ја потврди германската поддршка за проширувањето на ЕУ.
  • Соговорниците разговараа и за придонесот на Македонија во НАТО.

Европската интеграција не треба да се гледа само како политички и институционален процес, туку и како прашање на безбедноста и егзистенцијален интерес за иднината и стабилноста на земјата и регионот, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на средбата со Кристоф Исранг, директор за Европа во германското Министерство за надворешни работи.

Гаши ја нагласи посветеноста на Македонија за членство во Европската Унија и оцени дека земјата покажала подготвеност за значајни чекори и големи компромиси за остварување на таа стратешка цел. Во тој контекст, ја истакна важноста на континуираната поддршка од Германија и европските партнери за забрзување на проширувањето на ЕУ.

Исранг ја потврди германската поддршка за проширувањето на Унијата и го поздрави ангажманот на Македонија во спроведувањето на реформите. Тој го нагласи и значењето на европската перспектива за земјите од регионот.

Двајцата разговараа за стратешкото значење на европската интеграција и за предизвиците со кои се соочува земјата на тој пат. Ги потврдија добрите односи и партнерството меѓу Македонија и Германија, со акцент на продолжувањето на политичкиот дијалог и соработката и на поддршката за македонските европски аспирации.

На средбата беа разгледани и актуелните случувања во регионот, придонесот на Македонија во НАТО и влијанието на актуелните геополитички околности врз европската безбедност и стабилност.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.