ДОМ бил еден од предлагачите на законското решение од 2022 година, со кое беше воведена забрана за изградба и реконструкција на тешка и загадувачка индустрија на помалку од пет километри од населени места и заштитени природни подрачја. Според партијата, со предложената измена се брише делот што ја опфаќа реконструкцијата, а ограничувањето би останало за изградба на нови капацитети.
ДОМ наведува дека постојните индустриски капацитети во таа зона би можеле да се реконструираат и повторно да се стават во функција. Партијата посочува дека измената се образложува како „прецизирање на опфатот“ и усогласување со европското законодавство.
Пред гласањето, ДОМ бара да се објасни кои постојни капацитети би биле опфатени, какви влијанија врз воздухот, водата и почвата може да има реконструкцијата и дали, и какви, ризици се утврдени за населението во близина. Партијата бара и да се наведат европските стандарди врз кои се предлага укинувањето на заштитата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.