Според министерката, Управата за јавни приходи има обврска во рок од пет години да ги утврди непријавените даночни обврски и да побара нивно плаќање. Таа објасни дека контролите требало да се преземат кога биле констатирани приливи на сметките на граѓани кои, иако имале законска обврска, не ги пријавиле даночните обврски.
За тоа зошто некогаш не се преземале контроли, а сега се преземаат, Димитриеска-Кочоска рече дека најверојатно станувало збор за одлуки на луѓето кои работеле и во регионалните дирекции. Додаде дека УЈП во изминатиот период повеќепати одговарала на ова прашање и доставувала известувања до граѓаните.
„Кога станува збор за даночни обврски, немојте да мешате етнички припадности“, рече министерката. Таа нагласи дека сите граѓани се еднакви пред даночните обврски, споменувајќи дека во државата, покрај Македонци и Албанци, живеат и Турци, Срби и Власи.
Димитриеска-Кочоска повика од оваа тема да не се создаваат етнички тензии и порача дека даночните стапки се однесуваат на сите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.