348 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Тренчевска: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб

Гледај на YouTube
  • Тренчевска тврди дека непрефрлените средства изнесуваат 51 милион евра.
  • СДСМ бара итен пренос на парите и кривична одговорност.
  • Според Тренчевска, во ризик се заштедите на повеќе од 650.000 граѓани.

Заклучно со 31 октомври, 51 милион евра од парите на граѓаните не се префрлени во вториот пензиски столб, изјави потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на прес-конференција. Партијата бара реакција од Јавното обвинителство и кривична одговорност.

Тренчевска ја обвини власта на Мицкоски дека ги довела во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, наведувајќи ги сите родени по 1 јануари 1967 година кои се во вториот пензиски столб. Таа посочи дека станува збор за пари што работниците секој месец ги издвојуваат од платите за да обезбедат сигурна и достоинствена пензија по завршувањето на работниот век.

Според Тренчевска, префрлањето на средствата не зависи од волјата на Мицкоски, туку е законска обврска на директорот на Фондот за пензиско осигурување, со рок од пет дена. СДСМ бара парите веднаш да бидат префрлени во вториот столб.

Таа обвини дека власта го довела Фондот за ПИОМ до сериозна финансиска неодржливост и дека финансиската дупка во него ја зголемила на една милијарда евра. Тренчевска тврдеше и дека власта ја ограбила државната каса преку криминални тендери, ја задолжила државата со милијарди евра нови долгови, а сега посегнува и по личните пари на граѓаните.

Во критиката за трошењето на јавните пари, Тренчевска рече дека нема средства за работниците, пензионерите и земјоделците, ниту за повисока минимална плата и повисок студентски оброк, додека, според неа, пари има само за криминалните тендери на власта.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.