Трајковски посочува и речиси 97 милиони денари за, како што ги нарекува, „несакани обврски“, сума која, според него, постојано расте. Тој оценува дека општината се соочува со сериозен застој и длабока зависност од централната власт.
Како примери за нереализирани проекти, советникот наведува дека јавниот градски превоз сѐ уште не е започнат и дека нема видлив напредок за гондолата, Копанки, атлетската патека и катната гаража. Мултифункционалниот комплекс, според него, останува неостварено ветување од минатиот мандат.
Трајковски го поставува и прашањето каде завршиле средствата од унгарскиот кредит и зошто општината не напредува со проектите.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.