Тошковски рече дека законските услови за спроведување на договорот се овозможени од оваа година. Договорот, според најавата, ќе го обврзе МВР да му даде можност на најдобриот студент да стане дел од министерството.
Планот не е ограничен на еден студент или само на Факултетот за безбедност. Тошковски рече дека во иднина, согласно потребите на МВР, најквалитетни студенти од факултетот и од другите државни факултети во Македонија би можеле да добијат можност да станат дел од институцијата, без јавен оглас.
Министерот ја соопшти најавата при посетата на Факултетот за безбедност – Скопје, на почетокот на новата академска година, каде им се обрати на студентите и им го честиташе првиот студентски ден. Тој ги повика да вложуваат во образованието и надградувањето на знаењето, кое, според него, треба да им помогне да одговорат на безбедносните предизвици и да придонесат за безбедносните институции и државата. Тошковски изрази надеж дека стекнатото знаење ќе ги задржи во Македонија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.