Со предложените решенија се предвидува и засилување на соработката со Собранието, како и подобро следење на спроведувањето на ревизорските препораки.
Милошоски истакнал дека спречувањето на корупцијата бара ризиците да се препознаваат навреме, а наодите на надлежните институции да водат до конкретни мерки. Ја нагласил и важноста на транспарентното трошење на јавните средства, следењето на ревизорските препораки и препознавањето на ризиците во јавните набавки.
За парламентарниот надзор, според Милошоски, важна е соработката на Собранието со Државниот завод за ревизија. Двете институции во 2022 година склучиле Меморандум за соработка, кој предвидува размена на информации и разгледување на ревизорските наоди во Собранието.
Конференцијата ги обединува претставниците на надлежните институции од регионот и меѓународните партнери за разговор за унапредување на интегритетот и заштита на јавниот интерес. Милошоски порача дека размената на искуства меѓу земјите од Западен Балкан треба да придонесе за поуспешно препознавање на корупциските ризици и доследна примена на препораките во интерес на граѓаните.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.