348 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Филипче: Власта им ја одзема европската перспектива на граѓаните

Фотографија објавена на јавниот профил на Венко Филипче
Фотографија објавена на јавниот профил на Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини власта дека го држи во заложништво европскиот пат на Македонија и им ја одзема европската перспектива на граѓаните. Тој денеска учествуваше на конференција во Унгарија за прогресивната агенда и иднината на проширувањето на Европската Унија.

Филипче оцени дека наместо реформи и европски напредок, власта ги партизира институциите, ја уназадува економијата и ја поткопува демократијата.

На конференцијата се заложи за фер, правичен и кредибилен процес на пристапување. Посочи дека членството во ЕУ ќе донесе придобивки за македонската економија и земјоделството, за владеењето на правото и за функционалноста на институциите.

Според Филипче, европските реформи не се само услов за членство, туку пред сѐ можност за подобар живот, посилни институции и поправедно општество. Тој нагласи дека реформскиот процес мора да донесе вистинско подобрување во секој сегмент од државата.

Филипче порача дека заедно со сестринските социјалдемократски партии и прогресивните партнери од Европа продолжуваат да се борат за усогласување со стратешките интереси на ЕУ, против авторитаризмот и пропагандата и против обидите за гушење на демократијата и човековите слободи. Оцени дека демократска, правична и европска иднина за граѓаните може да се обезбеди само преку заедничка акција, солидарност и силна социјалдемократска визија.

Филипче учествуваше на конференцијата на покана на Фондацијата за европски прогресивни студии и Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.