Барањата за дополнителни посредници и помош од Европската Унија се изговор, оцени Филипче. Тој потсети дека Фон дер Лајен неколкупати дошла во земјата и дека во 2022 година дала конкретен предлог, а претставници на ВМРО во Собранието ја исвиркале.
Претседателот на СДСМ оцени дека политиката на Мицкоски ја оддалечува земјата од европскиот пат. Тој рече дека Мицкоски претходно најавувал враќање на името и промена на Преспанскиот договор, но потоа го потврдил договорот како добар. Филипче исто така оцени дека не е точно тврдењето оти Бугарија го загрозува македонскиот јазик.
Како последици што граѓаните веќе ги чувствуваат, Филипче ги наведе падот на стандардот, економските проблеми и иселувањето. Тој рече и дека на границите се чека повеќе од 10 часа и дека граѓаните немаат пари да го преживеат месецот.
Филипче ги посочи Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија како земји што напредуваат кон ЕУ. Од Мицкоски побара да каже дали има конкретен план за европската иднина на државата, предупредувајќи дека пропуштањето на сегашната можност носи ризик од изолација и дека не е сигурно оти ќе има втора шанса.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.