Сали наведува дека генерацијата 2026 претставува посебен момент во историјата на факултетот и го отвора патот за идните генерации.
На дипломираните им порача да го претворат знаењето во грижа за луѓето. Според Сали, професионалната посветеност, почитта кон секој пациент и подготвеноста за постојано учење се темел на довербата и успехот во професијата.
Тој оценува дека младите заслужуваат можности да се развиваат и да ја градат иднината во земјата. Вложувањето во образованието и младите професионалци, според него, е вложување во поквалитетни услуги и поздраво општество.
Сали им честитал на дипломираните, професорите и семејствата што ги поддржувале и им посакал успех во кариерата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.