Проверките го опфаќаат почитувањето на прописите за училишни, образовни и рекреативни патувања. Кај автобусите и товарните возила полицијата ја контролира и безбедносната опременост, а кај возачите психофизичката состојба, заедно со исполнувањето на останатите законски обврски во патниот транспорт.
Засилени контроли паралелно се спроведуваат и кај другите учесници во сообраќајот. Акцентот е на пречекорувањето на дозволената брзина, возењето под дејство на алкохол или психотропни супстанции, некористењето сигурносен појас и неправилниот превоз на патници, како и на другите прекршоци што директно ја загрозуваат безбедноста на патиштата.
Акцијата „Truck & Bus“ почна на 16 ноември и е дел од меѓународните активности на Европската мрежа на сообраќајни полиции („ROADPOL“), чија членка е македонската сообраќајна полиција. Целта е спречување сообраќајни незгоди, навремено откривање и санкционирање на прекршоците и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.
МВР ги продолжува превентивните активности и засилените контроли во соработка со европските партнери, со цел унапредување на сообраќајната култура. Министерството апелира до возачите, превозниците и останатите учесници да ги почитуваат правилата и прописите и одговорно да учествуваат во сообраќајот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.