Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

„Од национални приказни до испреплетени истории“ за 80 години на Институтот за историја

Извор на фотографијата: Министерство за образование и наука
Извор на фотографијата: Министерство за образование и наука

Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одбележува 80 години постоење со меѓународната научна конференција „Од национални приказни до испреплетени истории“.

На конференцијата, министерката за образование и наука Весна Јаневска порача дека историчарите имаат особено значајна улога во време на брз проток на информации, различни толкувања на историските настани и, како што оцени, сѐ почести обиди за релативизирање на историските факти.

„Одговорноста на научната заедница е преку аргументирани истражувања, научна објективност и критички пристап да ги утврдува и афирмира историските вистини“, рече Јаневска. Според неа, таквиот пристап е неопходен за општество кое ја познава сопствената историја, ги почитува фактите и учи од минатото.

Честитајќи им го јубилејот на раководството и вработените, Јаневска се осврна на генерациите професори, истражувачи и студенти што поминале низ Институтот. Нивниот труд го оцени како придонес кон проучувањето, документирањето и афирмирањето на историското наследство, но и кон неговото пренесување на новите генерации.

Министерката вети дека Институтот ќе ја има поддршката од Министерството за образование и наука. Таа изрази уверување дека установата ќе продолжи да образува кадри и да создава нови истражувања што ќе ја збогатуваат македонската историографија и ќе ја афирмираат меѓународно.

Јаневска ја потврди и заложбата на Министерството за унапредување на високото образование и научноистражувачката дејност, создавање подобри услови за работа на академската заедница и поттикнување на младите истражувачи.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.