Годинава неделата е под мотото „И јас (можам да) сум волонтер / Edhe unë (mund të jem) jam vullnetarë“. Форумите ќе се реализираат во клубовите на млади при општинските организации и Црвениот крст на град Скопје. Таму младите ќе можат да се запознаат со работата на Црвениот крст, активностите на клубовите и можностите за волонтирање.
Предвидени се интерактивни панел-дискусии, разговори и неформално дружење. Младите ќе можат да споделат искуства, да поставуваат прашања, да се поврзат со други млади и да дознаат како самите можат да придонесат во својата заедница.
Клубовите на млади ќе организираат и отворени денови, работилници и други активности за младите. Според Црвениот крст, целта е да се промовира волонтерството, да се поттикне активното учество и да се отворат нови можности за вклучување во активностите на организацијата.
Црвениот крст ја претставува Неделата на млади и како можност да се истакнат енергијата, идеите и посветеноста на младите волонтери. Во објавата наведува дека преку волонтерскиот ангажман тие придонесуваат за похумани, солидарни и поврзани заедници, а неделата е покана за младите да стекнат искуства и да придонесат во својата заедница.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.