347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

На скопскиот аеродром почнува обука за безбедноста на аеродромите

Архивска фотографија · Извор: mvr.gov.mk
Архивска фотографија · Извор: mvr.gov.mk

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ започнува обука за сигурноста и безбедноста на аеродромите, што ја реализираат експерти од француската Жандармерија за воздушен транспорт, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Обуката е насочена и кон унапредување на практичните знаења и професионалните капацитети на полициските службеници и лицата задолжени за обезбедување.

Тошковски наведе дека се сретнал со амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер и полициското аташе Михаел Жано. Разговарале за продолжување и продлабочување на полициската соработка меѓу двете земји.

Според министерот, партнерството трае повеќе од две децении и вклучува обуки, размена на искуства и експертска поддршка за полициските службеници.

До крајот на годината се планирани уште две обуки, едната за спречување перење пари, а другата за разузнавачки активности и работа во казнено-поправните домови. На средбата, според Тошковски, разговарале и за можноста соработката да се прошири со Центарот за обука на МВР, преку програми приспособени на потребите на идните полициски службеници.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.