Целта е секое дете да добие квалитетен почеток и еднакви можности да го развие својот потенцијал. Министерството работи и на проширување на мрежата на детски градинки, подобрување на квалитетот на предучилишното воспитание и обезбедување поголема поддршка за децата со попреченост и за децата од ранливите семејства.
Настанот се одржа под мотото „Да избереме подобра иднина за децата: силен почеток за секое дете“. Покрај Велковски, учествуваа министерката Весна Јаневска, претставникот на Македонската берза, Штериев, претставничката на УНИЦЕФ, Милер, како и претставници на деловната заедница, институциите и развојните партнери. Тие порачаа дека грижата за децата е најважната инвестиција во иднината на општеството.
Велковски ја поздрави соработката меѓу Македонската берза и УНИЦЕФ, оценувајќи ја како пример за важноста на вклучувањето на деловната заедница во создавањето подобри услови за децата. Тој порача дека децата не се само иднината, туку и сегашноста, и дека нивните соништа, потреби и мислења мора да бидат во центарот на секоја одлука.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.