Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Гореле електрични бандери во Арачиново, пожарникарите чекале исклучување на струјата

Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.

Електрични бандери гореле синоќа во Арачиново, каде што била испратена екипа на скопската противпожарна бригада. Пожарникарите на терен чекале ЕВН да ја исклучи струјата на тој дел од мрежата за да можат да почнат со гаснење.

Во Арачиново било упатено едно противпожарно возило со тројца пожарникари.

Претходно истата вечер, скопската бригада интервенирала и во подземната гаража на трговскиот центар „Кам мол“ во општина Ѓорче Петров, каде што се запалил автомобил. И за таа интервенција биле ангажирани едно возило и тројца пожарникари.

Во гаражата бил опожарен „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М. А. Во тој пожар немало повредени лица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.