Според Димитровски, медиумската и дигиталната писменост се важен предуслов за заштита на младите од манипулативни содржини, вклучително и странско манипулирање со информации и влијание („FIMI“). Тој ја нагласи потребата од подигнување на нивната свесност за овие појави и развивање критички однос кон содржините со кои секојдневно се соочуваат.
За одговор на информациските закани, Димитровски се заложи за координиран и сеопфатен пристап: зајакнување на институционалните капацитети, размена на информации и искуства и продлабочување на регионалната соработка. Тој рече дека Македонија останува посветена на активен придонес кон регионалната отпорност, стабилност и безбедност, заедно со партнерите од регионот и пошироката меѓународна заедница.
Димитровски говореше на панелот „Информациска безбедност и интегритет“, каде што ги опфати дезинформациите, хибридните закани и сајбер-безбедноста. Своите согледувања ги заснова и на долгогодишното новинарско искуство и на перспективата од актуелната функција.
Конференцијата се одржува од 18 ноември до денес во Скопје, во организација на Институтот Аспен Германија, во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.