Симпозиумот „Уставност, суверенитет и традиција: 35 години независна македонска држава“ го организираат Државниот архив и Институтот за национална историја. Тој обединува научници, историчари, правници и истражувачи, кои преку научни излагања и дискусии ќе ги разгледуваат историските процеси, со цел да придонесат кон нивното расветлување.
Димитар Богески во своето обраќање ги посочи архивските документи како автентични сведоштва за историските процеси и развојот на македонската државност, но и како значајни за зачувувањето на националниот идентитет. Според него, заштитата, истражувањето и достапноста на архивското наследство се основа за научно проучување на минатото и за пренесување на историската меморија на идните генерации.
На свеченото отворање, покрај Богески, се обратија претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, и директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов. Настанот е под покровителство на претседателот на Собранието, Африм Гаши.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.