Асфалтирана е делницата од улицата „Браќа Миладинови“ до џебот на улицата „Климент Охридски“, како и делницата од џебот на улицата „Кирил Динков“ до број 130 на булеварот „Ленинова“.
Градежните работи се насочени кон унапредување на патната инфраструктура и подобрување на условите за одвивање на сообраќајот во општина Струмица.
ОО СДСМ Струмица го критикуваше зафатот, тврдејќи дека е асфалтирана само една коловозна лента, а не целиот булевар. Според партијата, претходно функционалниот коловоз е заменет со половично и непрофесионално изведен зафат, со полош квалитет.
Партијата праша дали приоритет се интересите на граѓаните или тендерите, парите и процентите. Воедно, обвини дека додека се трошат средства за овој зафат, улици во градот и населените места на кои им е неопходна итна санација со месеци остануваат со дупки и одрони.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.