Во активноста се вклучија учениците од III-в и III-г со нивните наставнички Александра Андоновска и Силвана Белушанец, во соработка со VII-г одделение.
По повод денот посветен на детството и детските права, училиштето порача дека секое дете заслужува љубов, почит, разбирање и сигурност, како и можност да учи, да истражува, да поставува прашања, да греши и повторно да се обидува. Во пораката се нагласува и потребата детскиот глас да биде слушнат, а желбите и соништата да добијат почит и поддршка.
Од училиштето ја истакнаа одговорноста на возрасните, родителите и наставниците да создаваат средина во која децата ќе се чувствуваат прифатени и вреднувани. Пораката е да се поттикнуваат нивните таленти и љубопитност, да се негуваат добрината и прифаќањето на различностите и да се остави простор за игра, знаење и убави спомени.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.