На уредувањето му претходеше акција за селективно собирање и подготовка на биоотпад за компостирање. Во селектирањето на органскиот отпад и полнењето на училишниот компостер се вклучија учениците, родителите, наставниците и другите вработени, вклучително и вработените во училишната кујна.
Акцијата е дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Го спроведува Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со „Ecologic“ и Центарот за еколошка демократија – Флорозон.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.