Обуката ја водеа Ирина Симоновска и Ангела Костова, специјални едукатори од Државното училиште за образование и рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје.
Преку стручни совети, практични насоки и споделување професионални искуства, наставниците имаа можност да стекнат нови сознанија за потребите на учениците со оштетен вид, соодветната комуникација и приспособувањето на наставните методи и материјали.
Училиштето ја поврза обуката со заложбите за унапредување на инклузивната практика и создавање еднакви можности за учениците. Поддршката на обучувачките ја посочи како придонес кон поквалитетно образование и подобри услови за секое дете.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.