Меѓу основните правила се чувањето на личните податоци, почитувањето на авторските права и одговорното користење на ВИ со јасна цел. Како недозволени употреби се наведени внесувањето лични податоци, генерирањето материјали или насилни содржини, злоупотребата за лажење и создавањето лажни слики и информации.
Истовремено, училиштето посочува примери за корисна примена. Наставниците можат да ја користат ВИ за подготовка на наставни сценарија и презентации, создавање тестови и работни листови и за настава приспособена на поединечните ученици. За учениците се наведени објаснување тешки содржини, помош при домашни задачи и проекти и учење странски јазик.
Како добри практики се препорачуваат барање дополнително објаснување за наставна тема, користење ВИ за проектни идеи, создавање квизови за вежбање и проверка на факти од повеќе извори.
На изработката на политиката ѝ претходела обука на тема „Примена на вештачката интелигенција во образованието“, по која се појавила потреба од јасни правила, насоки и препораки за одговорна, безбедна и етичка употреба. Покрај учениците и родителите, документот се однесува на директорот, наставниците, стручните соработници, административниот и техничкиот персонал.
Целта е правилната употреба на алатките со ВИ да придонесе за поквалитетна настава, современо планирање и реализација на наставниот процес, како и за развивање дигитални компетенции, креативност и критичко размислување кај учениците.
Од училиштето оценуваат дека вештачката интелигенција може да биде значајна поддршка во образованието ако се користи правилно, одговорно и со јасна цел. Нивната порака е дека таа е помош, а не замена за знаењето, креативноста, трудот и човечката одговорност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.