Работилницата беше дел од училишниот план за општокорисна работа. Целта на активностите беше да се поттикне љубовта кон читањето, да се развива креативноста и да се охрабрат учениците да се изразуваат и да разменуваат идеи, мисли и читателски искуства.
Пред соучениците својата наградена творба ја прочита и Јована Секулоска од „V-3“ одделение. Таа годинава ја освои наградата на традиционалниот училиштен литературен конкурс на тема „(Не)Заборавена книга“. Училиштето ја оцени нејзината творба како израз на љубовта кон книгата и значењето на читателските искуства.
Во одбележувањето се вклучија и учениците од IV одделение, кои ја посетија Градската библиотека „Григор Прличев“. Таму се запознаа со книгите, работата на библиотеката и значењето на читањето во секојдневниот живот. Од училиштето го издвојуваат нивниот интерес и љубопитност при откривањето нови приказни и знаења.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.