Наставничките по граѓанско образование Јованка Анѓелкоска и Ивана Илиевска Милошоски ги подготвија креативните и интерактивните активности. Преку заедничките задачи учениците имаа можност да се запознаат, да ги откриваат меѓусебните сличности и да ги прифаќаат и слават различностите.
Учениците соработуваа преку невербална комуникација за да постигнат поставена цел. Во мешани тимови разгледуваа ситуации од реалниот живот поврзани со емпатија, инклузија и почитување.
Од однапред нацртани криви линии учениците создаваа илустрации, кои ги споија во заедничко дело со наслов „Насмевка на толеранцијата“.
Според ООУ „Братство Единство“, игрите донеле нови пријателства, а разговорите помогнале да се надминат бариерите меѓу учениците. Со заедничките предизвици ја испратиле пораката дека различностите не се причина за поделба, туку богатство што ги поврзува.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.