Поводот ги поврзува јубилеите на училиштето и на стручното образование во општината: 70 години од основањето на училиштето и средното стручно образование, како и 80 години од основањето на хемиско-технолошкиот технички смер.
Документарецот го подготвија учениците Теа Самарџиева, Никола Спасев, Миа Несторова, Кире Коцев и Леонтина Станкова. За снимањето, монтажата и обработката е задолжен Филп Камчев, а сценариото е на Љубинка Ртоска.
Документарецот премиерно беше прикажан на свечена академија во салата на Општина Велес, со која училиштето ги одбележа јубилејот и патрониот празник. Публиката проследи и програма подготвена од учениците и професорките по македонски јазик и литература.
Документарецот може да се погледне преку видеото споделено од училиштето.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.