Учениците учествуваа под менторство на наставничката Сузана Ќелешоска. Директорката на Центарот за култура, Маја Мојсоска, разговараше со нив за прочитаното дело и ги поттикнуваше да размислуваат, да ги споделуваат своите впечатоци и да го откриваат книжевниот свет.
Приказната ја оживеаја преку игра и драматизација, пренесувајќи пораки за добрината, другарството и животните вредности.
Во работилницата беше вклучена и видео-презентација за процесот на изработка на слатки производи. Таа им даде можност на учениците да се запознаат со изработката и да ја поврзат книжевната фантазија со креативноста и практичното творење.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.