Најважно
387 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Сите испитани примероци вода од 51 мерно место во Скопје ги исполнуваат стандардите

Архивска фотографија · Извор: vodovod-skopje.com.mk
Архивска фотографија · Извор: vodovod-skopje.com.mk
  • Сите испитани примероци ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет.
  • Контролата опфатила 51 мерно место во Скопје од 9 до 13 ноември.

Сите примероци вода за пиење земени од 51 мерно место во Скопје во периодот од 9 до 13 ноември ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет. Тоа го покажуваат резултатите од неделната лабораториска контрола на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Секторот за санитарна контрола во тој период зел 200 примероци за физичко-хемиска анализа и 200 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење.

Резултатите од сите испитани примероци се во согласност со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, објавен во „Службен весник на РМ“, број 183/18. Претпријатието го објавува неделниот извештај за подобра информираност на граѓаните на Скопје.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.