Според Стевановски, системот е поврзан со акумулацијата „Суводол“. Проектот е насочен кон посигурни услови за земјоделско производство, постабилни приноси и намалување на зависноста на земјоделците од климатските услови.
Градоначалникот наведува дека земјоделците се вклучени уште во подготовката, со цел да се зајакне нивната улога во одржувањето и управувањето со системот и да се создаде одржлив модел што одговара на потребите на локалното земјоделство. Во објавата се посочува и дека посигурното земјоделство би значело повеќе производство, подобар приход и посилна локална економија.
Системот е поддржан со грант од Европската Унија преку ИПА-програмата, а инвестицијата е приближно 90 милиони денари.
Обуката е дел од проектот „Зајакнување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведува „NTU International A“/„S“, а институционални партнери се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АД „Водостопанство“.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.