При проверките на неколку угостителски објекти било забележано и дека тобако продава алкохол на малолетници. Заедно со Државниот пазарен инспекторат се преземени мерки за санкционирање.
Контролата ја спровеле полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат, од синоќа во 22 часот до утрово во 7 часот. Констатирани се 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а едно лице е лишено од слобода за безобѕирно управување моторно возило.
Во текот на акцијата, 12 лица се лишени од слобода по член 215, а три по член 204 од Кривичниот законик. Уште пет лица се приведени по членовите 4 и 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Во истиот период, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје контролирала и техно-журка во подземниот паркинг „Кресненско востание“. Легитимирани се 65 лица и прегледани се 13 возила, а едно лице е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик.
МВР најави соодветни санкции за сите констатирани прекршоци.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.