На патеката се вршат машински ископ и израмнување на тампонскиот слој. Работи на пешачките површини има и на булеварот „Партизански одреди“, каде што се прередуваат пропаднатите бехатон-плочи на тротоарот.
На плоштадот „Македонија“, кај зградата на МЕПСО, се санираат и се поставуваат нови плочи. Во Мега парк во Карпош се израмнува тампонскиот слој на пешачките и пристапните патеки.
На крак 38 од булеварот „Македонско косовска бригада“ се врши машински ископ на оштетениот асфалт. На градските сообраќајници се одржуваат сигнализацијата и сообраќајната опрема со ноќни активности, а на семафоризираните крстосници се санираат дефекти на семафорите и светлосната опрема.
Во Зоолошката градина се поставува оплата за парапетот на заштитната ограда на живеалиште на животните. На кејот на Вардар рачно се чисти обраснатата вегетација на косините.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.