Најважно
390 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Првачињата од „Коле Канински“ учеа за различностите со кучето што мјаукаше

Фотографија од настанот · ООУ Коле Канински — Битола
Фотографија од настанот · ООУ Коле Канински — Битола
  • Приказната беше повод за разговор со децата за меѓусебното разбирање, почитта и пријателството.
  • По читањето, учениците боеја илустрации од приказната.
  • Во работилницата учествуваа првачињата од одделението на наставничката Марина Станковска.

Преку сликовницата „Кучето што мјаукаше и мачето што џавкаше“ од Билјана С. Црвенковска, првачињата од ООУ „Коле Канински“ учеа за прифаќањето на различностите на работилница на битолската Универзитетска библиотека.

Приказната беше повод за разговор со децата за меѓусебното разбирање, почитта и пријателството. Од библиотеката ја пренесоа пораката дека секој човек е посебен и дека различностите го прават светот поубав, како и дека преку книгите, покрај читањето, учиме да разбираме, да чувствуваме, да почитуваме и да бидеме подобри луѓе.

По читањето, учениците боеја илустрации од приказната.

Во работилницата учествуваа првачињата од одделението на наставничката Марина Станковска. Со оваа активност битолската библиотека го заврши Месецот на книгата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.