Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Градоначалникот на Струмица и словенечкиот амбасадор разговараа за проектот „Жените пчелари“

Извор на фотографијата: Општина Струмица
Извор на фотографијата: Општина Струмица

Градоначалникот на Струмица Петар Јанков и словенечкиот амбасадор Грегор Прескер разговараа за проектот „Жените пчелари“, наменет за поддршка на жените и младите во руралните средини.

Проектот, финансиран од Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, го спроведуваат АДРА Словенија и АДРА Македонија. Тој има за цел да придонесе за развој на органското пчеларство, економско јакнење и одржлив развој на руралните заедници.

Предвидени се обуки и поддршка за органско пчеларство, подготовка, продажба и маркетинг на мед и пчелни производи, како и активности за развој на женското претприемништво. Проектот предвидува и формирање медоносен пчелен парк за едукативни цели.

На средбата присуствуваа и Елвира Прескер, Горан Криж и Шермин Коџаџику. Јанков изрази подготвеност за продолжување на соработката со словенечката амбасада и партнерите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.