На хуманитарниот настан во холот на болницата се собираа донации за уредување посебна просторија во која родителите ќе ги преземаат своите новороденчиња по завршувањето на болничкиот престој.
Проданоски ја нагласи важноста на современите медицински услови и посветеноста на здравствените работници во грижата за предвремено родените деца. Оддавајќи им признание на децата и нивните родители за храброста и силата, порача дека тие не треба да останат без поддршка.
Тој најави дека Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува хуманитарните иницијативи и активностите за подобрување на условите во болницата.
Општината обезбедува и еднократна финансиска поддршка од 6.000 денари за секое новороденче. Проданоски ја посочи оваа мерка како порака дека секое раѓање и секое семејство заслужуваат внимание и поддршка.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.