Станицата е проектирана за 1.000 еквивалентни жители и ќе ги пречистува водите механички и биолошки. Предвидена е монтажа на постројка со пумпи, таложници и филтер, поставување електрични инсталации и уредување на локацијата. Работите опфаќаат и чистење на 700 метри од постојниот одводен канал, во кој ќе се испушта пречистената вода.
Договорната вредност на изградбата е 8.991.592,04 денари со ДДВ. Финансирањето е предвидено преку капитална дотација, согласно договорот меѓу Општина Кривогаштани и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Изведувач е „Игнација ФМ“ ДООЕЛ Битола, а стручниот надзор го врши „МГ Проект“ ДООЕЛ Скопје. Рокот за изведба е шест месеци од воведувањето на изведувачот во работа. По пуштањето на станицата, отпадните води од двете населени места ќе се пречистуваат пред испуштање, со што треба да се намали ризикот од загадување на околните води и почвата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.