Најважно
388 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Отстранет отпад што го попречувал протокот во канализацијата на „Бапчор“ во Скопје

Фотографија од настанот · Ј.П “Водовод и канализација”-Скопје
Фотографија од настанот · Ј.П “Водовод и канализација”-Скопје

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје денеска отстранија отпад од канализациската мрежа на улицата „Бапчор“, кој го попречувал нормалниот проток.

По интервенцијата, претпријатието апелира до граѓаните да не фрлаат влажни марамчиња, пелени, хигиенски производи и друг отпад во канализациските шахти, туку да ги користат корпите за отпадоци. Правилното одлагање придонесува за спречување затнувања и дефекти и за заштита на мрежата.

Екипите континуирано интервенираат на повеќе локации низ Скопје за да обезбедат непречено функционирање на канализацискиот систем.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.