На работната средба во ЈУ Национален парк Шар Планина присуствуваа раководителот и претставници на новиот општински сектор. Според Националниот парк, разговорот траеше два часа.
Се разговараше и за едукација и подигнување на јавната свест, како и за регулирање на дозволените и спречување на недозволените активности во паркот, согласно Планот за управување и Законот за заштита на природата.
Учесниците ги разгледаа секојдневните предизвици на терен и потребата од подобра координација. Посебни теми беа навремената размена на информации и заедничкото дејствување во рамките на надлежностите на двете институции.
Од Националниот парк најавуваат дека во наредниот период ќе се стремат кон поинтензивна институционална соработка и развивање заеднички иницијативи и проекти со цел да се постигнат конкретни резултати на терен. Нивната оценка е дека заедничката работа може да помогне во поуспешно решавање на еколошките предизвици.
Како заеднички цели ги наведуваат почистата животна средина, поодговорното користење на природните ресурси и подобрата заштита на Шар Планина.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.