Меѓу учесниците беа и ученици од ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ од Иванковци, Велес, кои заедно со врсници од други основни училишта рецитираа нејзина поезија.
На поетското чествување учествуваа петтоодделенци од велешките основни училишта, а за животот и творештвото на Јанчевска говореше велешката поетеса Десанка Николова.
Јанчевска зад себе оставила многубројни творби за деца, а програмата опфати и дел од нејзината работа како текстописец. Учесниците слушаа детски песни од фестивалот „Златно славејче“, за кои текстовите ги напишала токму таа.
Настанот беше дел од Детските Рацинови средби, кои годинава одбележуваат 59 години од своето одржување.
Претходно, како дел од истите средби, основци работеа со роднокрајни автори на книжевна работилница под мотото „Силно светнал ден“, инспирирано од песната „Копачите“ на Кочо Рацин. Поттикнати од Рациновите стихови, учениците создадоа сопствена поезија со пораки за подобар свет.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.