Најважно
388 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Осмоодделенци од Григор Прличев претставија различни култури на хамери за Денот на толеранцијата

Фотографија од настанот · Основно училиште Григор Прличев- Скопје
Фотографија од настанот · Основно училиште Григор Прличев- Скопје

Учениците од VIII-а и VIII-б одделение во основното училиште Григор Прличев во Скопје изработуваа хамери со содржини од различни култури по повод денешниот Меѓународен ден на толеранцијата.

На хамерите претставија традиционални јадења, верски објекти, народни носии и обичаи. Преку овие креативни активности ја истакнаа важноста на меѓусебното почитување, прифаќањето и разбирањето на различностите, работејќи заедно со класните раководители Лорета Станковиќ и Татјана Силјаноска-Гочкова.

Покрај изработката на хамерите, учениците следеа и презентација за Старата скопска чаршија, преку која се запознаа со нејзиното културно и историско богатство.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.