386 вести · 24 ч.
Берово 5°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Осмоодделенци од Аеродром донираа храна за папагалите во скопската ЗОО

Фотографија објавена на јавниот профил на Зоолошка градина – Скопје
Фотографија објавена на јавниот профил на Зоолошка градина – Скопје

Ученици од осмите одделенија од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром ја посетија Зоолошката градина во Скопје и донесоа донација од храна за папагалите.

Учениците организирале акција за собирање пари, со кои набавиле храна за големите и малите папагали. Иницијативата била дел од проектните активности на програмата IB MYP и била посветена на 100-годишнината на скопската Зоолошка градина.

Со учениците беа наставничките Татјана Галевска и Сунчица Петрева, како и координаторката за „IB MYP“, Сандра Ваневска.

Посетата вклучувала и едукативна прошетка низ Зоолошката градина, на која учениците се запознавале со различните животински видови, нивните карактеристики и начинот на живот, како и со потребите за нивна соодветна грижа и заштита.

Од Зоолошката градина им се заблагодарија на учениците, наставничките и училиштето за донацијата и покажаната грижа за животните. Изразија задоволство што младите се вклучуваат со вакви гестови, оценувајќи дека тие им помагаат на децата да учат за емпатија, одговорност и почит кон живите суштества. Според Зоолошката градина, љубовта кон животните се учи и се негува од најрана возраст, а ваквите искуства придонесуваат кон похумани и поодговорни генерации.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.