Домаќинството за 2028 година беше еден од заклучоците на состанокот одржан од 5 до 7 ноември 2026 година, посветен на подготовките за „Балкан Јуниор 2027“. Следното издание на натпреварот ќе се одржи во мај 2027 година во Јавната установа Техничко училиште Зеница.
За тоа издание, на работната средба со менторите беше презентирана натпреварувачката задача „Smart Home“, односно паметен дом. Таа ќе биде предизвикот на кој ќе работат учесниците на натпреварот во Зеница.
Охридското училиште на подготвителниот состанок го претставуваа професорите Ангеле Буџакоски, Сања Јованоска и Спаска Јаќимоска, заедно со директорот Сашо Недески. На состанокот на директорите, со кој претседаваше Бранко Голоскоковиќ, беа разгледани досегашните активности и остварените резултати во проектот.
Покрај работните средби, учесниците имаа можност да се запознаат со културни и туристички знаменитости на Босна и Херцеговина, меѓу кои локалитетот познат како Босански пирамиди во Високо, градот Травник и родната куќа на нобеловецот Иво Андриќ.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.