Полициското постапување почнало вчера во 20:35 часот во Чегране, гостиварско, кога службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Х.С. (26) од селото. Според МВР, при преглед на автомобилот „мицубиши“ со гостиварски регистарски ознаки што го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, полицијата извршила претрес и во неговиот дом, каде што исто така била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Додека траеле службените дејствија пред домот на Х.С., со „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки се доближиле В.Ч. (24) и А.Н. (35), двајцата од Чегране. МВР ги посочува како лицата што со возилото се обиделе да ги прегазат полицајците и им се заканувале. Потоа побегнале, но набргу полицијата ги пронашла и ги лишила од слобода.
Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.