На трибината говореа проф. д-р Сашо Дохчев од Клиниката за урологија, како и д-р Трајче Јанкулоски и д-р Гоце Нинески од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.
Темите ги опфатија малигните заболувања на простатата, тестисите и пенисот, бенигната хиперплазија на простатата и еректилната дисфункција. Преку отворен разговор и размена на стручни мислења, присутните се информираа за важноста на навременото препознавање на симптомите, современите можности за лекување и грижата за сопственото здравје.
Целта на трибината беше да се подигне јавната свест за превенцијата, редовните здравствени прегледи и раното откривање на заболувањата.
Од Општина Прилеп најавуваат дека продолжуваат со активности за едукација и информирање за здравите животни навики и превенцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.