Преку интерактивни активности, практични примери и размена на искуства, учесниците имаа можност да ги надградат своите знаења и вештини. Според училиштето, целта е да се поттикнува критичкото размислување и да се развиваат рефлексивни практики во наставата.
Обуката „Поставување прашања и водење рефлексии“ се одржа во училиштето, како дел од соработката со ЛЕАД и Планот за професионален развој на наставниците.
Од училиштето ја нагласуваат потребата наставниците постојано да учат за да можат да ги инспирираат и мотивираат учениците и да создаваат подобри можности за учење. Соработката со ЛЕАД ја посочуваат како можност за заедничко учење, професионално усовршување и внесување нови идеи во образовниот процес.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.