Најважно
391 вести · 24 ч.
Берово 1°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Куманово и Источно Сараево потпишаа спогодба за збратимување

Фотографија од настанот · Општина Куманово
Фотографија од настанот · Општина Куманово

Спогодба за збратимување меѓу Општина Куманово и Градот Источно Сараево беше потпишана во Занаетчискиот дом во Куманово, за време на приемот по повод Денот на градот, 11 Ноември.

Општина Куманово и Градот Источно Сараево ги претставувале градоначалниците Максим Димитриевски и Љубиша Ќосиќ. Со потпишувањето се отвораат можности за продлабочување на партнерството и унапредување на соработката во повеќе области од заеднички интерес.

На приемот присуствувале делегации и гости од земјава и странство, меѓу кои претставници од Лесковац, Чепеларе, Чукарица, Нови Сад, Бања Лука, Никшиќ, Своге, Источно Сараево, Херцег Нови и Беране.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.