На академијата присуствуваа делегации од земјава и странство, претставници на збратимени градови и соседни општини, државни институции, локални установи, училишта и здруженија. Се обратија градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината Ивана Ѓорѓиевска и советници од различни етнички заедници.
Ноемвриските награди им беа врачени на поединци и правни лица за нивниот професионален ангажман и придонес во различни области. Градоначалникот додели и благодарници и плакети, а во име на добитниците се заблагодари академската вајарка и визуелна уметница Марина Цветановска-Мартиновска.
Постхумни признанија им беа врачени на семејствата на Филип Стевановски, Јасмина Голубовиќ и Димитар Антевски. Во програмата беше прикажан и преглед на општинските проекти и активности од изминатата година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.