Контејнерот за стара облека, обувки и друг текстил е поставен во соработка со Општина Центар и „ECO-TEKS GROUP“. Целта е собраниот текстилен отпад да добие можност за повторна употреба и рециклирање.
Контејнерот за текстилен отпад во ООУ „Кочо Рацин“, на ул. „Салвадор Аљенде“ бр. 2, е еден од поставените на 11 локации во Општина Центар. Контејнери има и во ООУ „Коле Неделковски“ на ул. „Антоние Грубишиќ“ бр. 8, ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ на ул. „Апостол Гусларот“ бр. 3 и ООУ „Киро Глигоров“ на ул. „Адам Мицкевич“ бр. 14.
Другите училишни локации за одложување текстилен отпад се ООУ „Гоце Делчев“ на ул. „Градски ѕид“ бр. 3, ООУ „Димитар Миладинов“ на ул. „Кочо Рацин“ бр. 17, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на ул. „Стив Наумов“ бб и ООУ „11 Октомври“ на ул. „Мирче Ацев“ бр. 102.
Текстилен отпад може да се одложува и во контејнерите во градинките „13 Ноември“ на ул. „Никола Тримпаре“ бр. 17а, „Кочо Рацин“ на ул. „Козара“ бр. 26а и „Раде Јовчевски Корчагин“ на ул. „Мирче Ацев“ бр. 10. Општина Центар најавува дека наскоро ќе постави контејнери на уште девет локации.
Вториот контејнер е обезбеден во соработка со „Нула Отпад“. Во него можат да се одложуваат стари и неупотребливи електрични и електронски уреди.
Од училиштето посочуваат дека со иницијативата сакаат да ја поттикнат еколошката свест, одговорното однесување и грижата за животната средина. Преку правилно селектирање на отпадот, целта е да се учи како секој може да придонесе за почиста и поздрава средина.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.